Тимот на Ѓорче Петров-ЖРК се засилува ова лето и прави серозен тим за лигата, покрај тоа имаат убава идеја за реализација. Тие ќе организираат силен подготвителен сениорски предсезонски турнир, кој ќе биде меѓународен. Веќе упатија покана до ЖРК Вардар, нашиот тим истата ја прифати.
Турнирот ќе се игра од 19ти до 21-ви август во Скопје, покрај домаќинот и ние се очекува да обезбедат неколку странски екипи од балканот и да повикаат веројатно уште некој од топ-4 тимови во женската македонска ракометна лига. Овој турнир ќе дојде добро за сите, вардарки на 20/07 ги очекува ждрепка за настап во ракометна Европа.