Конечно девојките на ЖРК Вардар по прекинот во месец март ќе се соберат за да одработат тренинг. Новата сезона е на повидок, во Суперлигата не очекуваат 26.кола и битка со 13 ривали. Покрај тоа ќе настапуваме и во младинската конкуренција.
Стартот на подготовките за сезоната 2020/2021 ќе биде на 3.август, понеделник. Поради очекувањето на протокол најверојатно базичната фаза ќе се работи на отворено крај реката Вардар. Ристова ќе прозива, девојките во новата сезона влегуваат со големи амбиции. Тимот има две засилувања и шест заминување, „костурот“ е задржан.