На денешен ден пред точно пет години, екипата на ЖРК Вардар втор пат во својата историја успеа да освои бронзен медал во Лигата на Шампионите.
Во сезоната 2014/15, вардарки по втор пат играа на завршниот турнир во Будимпешта и освоија 3.место. Во малото финале, Вардар успеа да го победи тимот на Динамо Синара (Русија) со резултат 26:28. Најефисна во нашите редови беше Андреа Пенезиќ која успеа да постигне 9 голови.
Претходно во полуфиналето, Вардар доживеа пораз од екипата на Будуќност.