Според договорот, оваа есенска полу-сезона се игра во убрзан ритам во женската сениорска Супер лига. Вчера, девојките на Ристова и Царчев во гости ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со резултат 20:30, а веќе утре ги очекува нов предизвик.
Ние во рамки на 2.коло од оваа сезона 2020/2021, ќе бидеме домаќини на екипата ЖРК Гевгелија од истоимениот град. Утрешниот натпревар е закажан со почеток во 12:00 часот во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.