Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се старо-нови шампионки во регионалната лига, по голема борба и незвесна завршница совладан е Крим
Вардарки се старо-нови шампионки во регионалната лига, по голема борба и незвесна завршница совладан е Крим

Вардарки се старо-нови шампионки во регионалната лига, по голема борба и незвесна завршница совладан е Крим

Седма последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига. Овие денови во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра четвртиот регионален турнир, по кој ќе биде познат шамионот на ова натпреварување, а нема веќе дилеми дека тоа повторно ќе биде Вардар, со оглед дека досега собра најмногу бодови.

Сепак денешниот дуел не се одвиваше баш онака како што сите посакувавме и очекувавме за напиот шампион. Во најголем дел од натпреварот, екипата на Крим имаше предност, која во еден момент достигна и до пет голови разлика. Словенките имаа фуриозен старт кога го отворија мечот со водство од 0:3, а црвено-црните погодија дури во петтата минута за првиот погодок. Никако не можевме да го скршиме отпорот на противникот, а Крим беше тимот кој одржуваше водство, кое се движеше од 1-3 голови разлика. Во неколку наврати, Вардар имаше обид да го израмни резултатот, но тоа не им успеваше, па на пауза се замина со позитива на Крим од три голови (13:16).

vardarfans-tekst

Не тргнаа најдобро работите ниту во вториот дел, кога по шест минути игра, Крим имаше највисоко водство од пет голови разлика. Одлично играше противникот и постојано одржуваше предност, која беше активна се до последните пет минути од мечот, кога стигна и првото израмнување на дуелот. Вардарки полека но сигурно ја топеа негативата, па во последните минути се влезе во неизвесна завршница. На две минути пред крајот го имавме и првото водство од 31:30, за веднаш во следниот напад, екипата на Крим да донесе израмнување. Бевме сконцентрирани во нашиот последен напад, кога погоди од својата позиција Андреа Пенезиќ, по што останаа само пет секунди за тимот на Крим. На крајот конечниот резултат гласеше 32:31.

Најефикасна во нашиот состав беше Пенезиќ која постигна 8 голови, додека по 5 беа дело на Цвијиќ и Лекиќ.

ВАРДАР: Радичевиќ 3, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 4, Лејно, Бајрамовска, Лазовиќ 2, Пенензиќ 8, Чанаџија 1, Суслина, Лакрабер 4, Хмирова, Цвијиќ 5, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска.

Веќе утре Вардар ќе одигра меч во супер-лигата и тоа против сестринскиот тим на Вардар Јуниор, додека во четврток на програмата е последниот дуел од регионалната лига, натпревар против Будуќност кој ќе нема резултатско значење.