Заврши првиот круг во женската ракометна сениорска лига, ЖРК Вардар одигра дуели со сите шест ривали во групата-Б и ги доби сите. Од овој викенд започнува новиот круг на средби, на нас ни гостува екипата Ѓорче Петров-ЖРК тим кој во воведното коло го совладавме во гости.
Натпреварот е закажан за сабота (6.ноември), дуелот во малата сала при Спортскот центар „Јане Сандански“ ќе се игра со почеток во 15 часот и 30 минути.