Викендов во рамки на 11.коло од женската ракометна сениорска лига, ЖРК Вардар го пречека тимот на Овче Поле од Свети Николе. Црвено-црните одигаа во голем стил, одржуваа ритам и дојдоа до висока победа со резултат 43-12. На овој меч Фани Ѓорѓиевска беше двоцифрена и погоди 10 пати, капитенот Диневска Бојана впиша 6 гола. Голманките беа на ниво Трајкоска Јована имаше 8 одбрани, Грујовска Симона успешно интервенираше 7 пати.