Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го напаѓа врвот на табелата, в сабота гостуваме на Спартак
ЖРК Вардар го напаѓа врвот на табелата, в сабота гостуваме на Спартак

ЖРК Вардар го напаѓа врвот на табелата, в сабота гостуваме на Спартак

За многумина изненадување се резултатите на младиот ЖРК Вардар во сениорската лига, по 8.кола сме на делба на втората позиција во лигата и на само два бода зад лидерот, ЖРК Металург. Сино-белите девојки имаат 21.бод, нашите девојки и ЖРК Куманово имаат по 19.бода. Да не беше несреќното изедначување со кумановчанки ние во моментов ќе ја делевме првата позициија.

“Отпишаните“ се во неверојатна серија во сениорската лига тие врзаа пет победи по ред  и впишаа 15.бода на контото. Следен предизвик е дуелот со новајлијата во лигата ЖРК Спартак.  Нашиот ривал по еднаков број одиграни кола како и црвено-црните има 11.бода помалку односно “собра“ 8.бода и се наоѓа на 7.место на табелата. Овој натпревар ќе се игра во сабота, 27.октомври со почеток во 14-00 часот. Ние ќе гостуваме во ова 9.коло  во салата “Круме Кепевски“  во Скопје.