Во промотивниот меч од вториот пролетен дел во Супер лигата вториот тим на Жрк Вардар успеја да ја однесе победата над ривалките од Автокоманда . Мечот заврши со тесна и заслужена победа на младите Вардарки од 18-17 .
Тврд меч со малку голови во кој главна улога ја имаа одбраните на двата тима . Најдобри стрелци во Црвено-Црниот тим беа со 8 голови Керамитчиева и со 6 гола во мрежа на гостинките втор стрелец кај Вардарки беше Стојковска .
Првиот дел Металург го почна фуриозно и имаше константно предност дури и со 4 гола . Вардаровите девојки успееа да “додадат гас“ и да го завршат првиот дел со резултатска симетрија на семафорот 9-9 во последниот напад изедначи Керамитчиева која не дозволи да заминат Црвено-Црните девојки со негатива на полувреме .Во вториот дел девојките од Автокоманда повторно поведоа и имаа предност 12-16 на средината на вториот дел . Повторно Вардарки беа во налет и успеа до крајот на мечот да постигнат 6 гола , а да ја згуснат одбраната и да примат еден гол за пола-полувреме . На крај во Салата Јане Сандански Вардарки славеа тесно но заслужено ја однеа победата над ривалките од Автокоманда .