Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Металург со “ракометна лекција“ за вардарки
ЖРК Металург со “ракометна лекција“ за вардарки

ЖРК Металург со “ракометна лекција“ за вардарки

Кризата во ЖРК Вардар се продлабочува, нашите девојки ја продолжија низата на неуспеси. Денес, Металург не совлада во Автокоманда во 1.коло од плеј-офот со 11 гола повеќе. Едноставно на нашите дами не им иде во играта, се трудат, се борат сепак не може да се поврзат во една целина онака како што фунционираа претходно.

ss2-2

Ние на почетокот отворивме преку Мими Петковска за почетни 0-1, што наговестуваше добар почеток. Сепак не ни тргна потоа домаќинот со три гола направи пресврт и поведе со 3-1. Веднаш вративме преку пикерот Катерина Дамјановска за минимална негатива 3-2. Почнавме да паѓаме во продолжение противникот доминираше од минута во минута па успеа да се одлепи на високи плус пет, 9-4. Веднаш Симовски повика минута одмор со цел да се консолидираме. Успеавме да избориме два пенала кој во гол ги претводи Седолоска за намалување на 9-6. Во финишот повторно сино-белите имаа свој минути успеаа да поведат со 13-9. Со головите на Трпевска и Дамјановска ја вративме надежта за подобар втор дел кога намаливме на 13-11 пред последната судиска свирка во првиот дел.

ss7-2
Вториот период почна со два гола на домаќинот со кои ја вратија предност од 4 гола, 15-11. Се играше потоа рамноправно двата тима постигнаа по пет гола, беше на семафорот 20-16 на 18.минути до крајот. Кога требаше да изнајдеме сили и да притиснеме, нашата игра се “распадна“ тоа го искористи тимот на сино-белите и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Вардарки не можеа да се препознаат на теренот, познавајќи го нивниот квалитет денешната партија беше под нивното ниво на кое не научија. Па така на крајот победија и со двоцифрена предност односно со 11.гола повеќе. Тие триумфираа со 32-21.

ss4-2

Илиќ имаше 7 одбрани, Седлоска постигна 5 гола, крилото Петковска погоди три пати, колку и пикерското дуо Дамјановска-Џатевска.