Викендов на програмата е новото седмо коло во женската ракометна Супер лига. Во истото ќе се одигра дербито за врвот на табелата помеѓу нашата втора сениорска екипа, младиот црвено-црн женски колектив ЖРК Вардар СЦЈС и ривалот од Автокоманда екипата на ЖРК Металург. Во ова второ дерби за овие два женски тима ние сме домаќини.
Мечот ќе се одигра во сабота на 29-ти октомври, истиот има закажан почеток во 12-00 часот. Натпреварот ќе се игра во големата сала при Спорскиот центар “Јане Сандански“-Скопје. Во првото коло во Автокоманда домаќинките се извлекоа и победија минимално со еден гол предност, затоа на избраничките на Симе Симовски им треба триумф од најмалку два погодока над поранешниот македонски шампион за подобар меѓусебен скор од сино-белите девојки. Во моментов двете екипи го делат врвот со по 15 бодови, Металург има 5/5 досега, а ние имаме меч повеќе одиграно и еден пораз токму од нашиот саботен ривал. Следниот викенд потоа гостуваме кај екипата на ЖРК Овче Поле во Свети Николе која во првиот домашен дуел сезонава на домашен терен лесно ја совладавме и во тој меч сме фаворити за триумф.