Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вториот меѓународен турнир “Вардар” ќе се одржи од 23 до 26 август во СЦ „Ј.Сандански
Вториот меѓународен турнир “Вардар”   ќе се одржи од 23 до 26 август во СЦ „Ј.Сандански

Вториот меѓународен турнир “Вардар” ќе се одржи од 23 до 26 август во СЦ „Ј.Сандански

Европските вицепрваци, ракометарките на нашиот Вардар оваа недела се вратија во Скопје и сега се подготвуваат за настап на вториот меѓународен турнир „Вардар 2017″. Истиот ќе се одржи  од 23 до 26 август во СЦ „Јане Сандански”. Тоа ќе бидат први натпревари во новата сезона, за црвено-црните дами. Женскиот турнир кој според имињата на екипите што ќе играат ќе биде всушност лига на шампиони во скратен формат.

„ Поканивме екипи од пет земји и сите се во самиот врв на европскиот ракомет. Тоа ја покажува нашата намера да имаме дуели со силни противници, а истовремено и на нашата публика д аи овозможиме ракометно уживање. Во периодот од 23 до 26 август Скопје ќе биде европскиот центар за женски ракомет бидејќи сите екипи што нешто значат ќе бидат во Скопје. Верувам дека и публиката ќе може да ужива во играта на овие ракометни мајстори, и да го види Вардар кој токму пред својата публика во Скопје ги почнува контролните натпревари, вели Билјана Црвенковска, заменик директорот на РК Вардар, која истовремено е одговорна за турнирот.

Цената на билетот за турнирот ќе биде 50 денари за еден натпревар, односно 100 денари за два натпревари во денот, и истите може да се купат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански”.

На турнирот ќе учествуваат шест екипи, што ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група потоа ќе играат во финалето. На турнирот ќе играат следните екипи:
Вардар – Македонија
Будуќност – Црна Гора
Одензе – Данска
ЧСМ Букурешт – Романија
Краснодар – Русија
Ростов – Русија

Екипите ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. Победникот ќе освои и парична награда од 5.000 евра, второпласираниот – 3.000 евра, а третопласираната екипа – 1.000 евра.
На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец.
Вардар е победник на првото издание на турнирот.

Група А
Будуќност
Вардар
Краснодар

Група Б
Одензе
ЧСМ Букурешт
Ростов

Распоред на натпревари
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт – Ростов
17,15 ч. Вардар – Краснодар

24 август 2017
15 ч. Одензе – ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност – Вардар

25 август 2017
15 ч. Ростов – Одензе
17 ч. Краснодар – Будуќност

26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале