Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес вардарки на мегдан со Будуќност
Денес вардарки на мегдан со Будуќност

Денес вардарки на мегдан со Будуќност

Пеколно темпо овие три дена имаат избраничките на Ирина Дибирова, тие изминатите два дена одиграа два меча, а денес на програмата е трет дуел за одигрување. Во претходните два натпревара кои се одиграа во големата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“- Скопје забележавме две победи. Во дуел од регионалната лига завчера го совладавме тимот на Крим, а вчера во натпревар од домашната лига бевме подобри од екипата на Вардар јуниор.

Денес е последен натпревар во овој згуснат дел од сезоната, во истиот ќе се сретнеме со екипата на ЖРК Будуќност од Црна Гора.   Ние со победата над Крим пред два дена ја одбранивме титулата во  регионалната ВРХЛ лигата. Денешниот меч кој е дел  од третиот турнир против тимот на Будуќност ќе се одигра  од 15-00 часот во СЦ „Јане Сандански“