Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар водеше на гостувањето кај Металург, домаќинот по пресврт дојде до победа
ЖРК Вардар водеше на гостувањето кај Металург, домаќинот по пресврт дојде до победа

ЖРК Вардар водеше на гостувањето кај Металург, домаќинот по пресврт дојде до победа

Вардар и ЖРК Металург одигаа тест меч во Автокоманда, девојките на Ристова и Царчев одигаа две различни полувремиња. Во првиот дел ние бевме подобри противници се до крајот на истиот, имавме и водство иако Металург во финишот направи пресврт. Во вториот дел влеговме со два негатива, сино-белите дами успеа да додадат плус пет гола и победија со седум разлика, 28-21 на оваа средба. Делумно за поразот  допринесе и  исклучитечно лошата реализација на пеналите, ние дури шест пати промашивме удар од 7.метра што допринесе противникот да ни се одлепи.

119363115_10218058745322366_1800295405157021205_o 119276728_10218058750362492_5774068858670139597_o

Вардарки на почетокот на дуелот ја имаа контролата, тие го контолираа резултатот. Тие поведуваа противникот се обидуваше да се врати во игра, отворивме со 2-4 по помалку од десетина минути игра.  Имавме водство се до 7-8, кога со два гола предноста ја презема сино-белиот тим кој поведе со 9-8 и до крајот на мечот не ја испушти предноста. На одмор Металург замина со два гола предност, за време на паузата тие водеа со 12-10.

119253905_10218058751282515_6480821486473076877_o 119204952_10218058745242364_6625481274879562455_o 119204902_10218058745282365_7669631375533982151_o

Домаќинот отвори многу подобро во вториот дел, додавајќи четири гола повеќе на предноста, при резултат 19-13 во 41.минута нашата клупа побара минута одмор заради консултации и менување на стратегијата.  Се одлучивме на игра со два пикери, Џатевска и Дамјаноска беа на линијата од шест метри. Тоа донесе до намалување на негативата на само три гола, сепак во финишот ривалот одигра подобро и успеа да не совлада со резултат 28-21.

119203366_10218058746522396_3816777287785934962_o 119199818_10218058750882505_8388511934281855374_o 119151086_10218058746442394_7179078809769705027_o

Катерина Дамјаноска беше денес прв стрелец, Кате погоди пет пати, еднаш од пенал и четири пати од игра од пет обиди. Капитенот, Диневска Бојана имаше три погодока, сите од линијата од седум метра. Марија Галевска и Трпевска Ивона погодија во два обида на денешниот дуел.

119169266_10218058746402393_5689603282629056654_o 119140441_10218058751362517_6733243124838351756_o

Кај голманите мечот го започна Грујовска Симона со одлична двојна одбрана во нејзин стил,  одбрани две контри, една ниска и една висока топка, таа стигна до пет успешни интервенции. Неа ја замени Илиќ Андреа која успеа да сопре само една топка. Трајкоска Јована бранеше исто така добро, отвори со одбрана со нога,   во последната третина од мечот и дојде до шест успешни одбрани.