Денес, “сребрениот“ тим од Купот на Македонија, нашиот ЖРК Вардар ќе го игра последното коло од плеј-офот за оваа сезона. Во истото гостуваме во Битола кај екипата на Пелистер. Натпреварот во салата “Боро Чурлевски“ се игра со почеток во 19-00 часот.
Ова е битка за “бронзената“ позиција на табелата во домашниот шампионат, тимот кој ќе дојде до победа ќе заврши како треттопласиран во првенството. Пред почетокот на оваа средба домаќинот има 15.бода, а црвено-црните девојки на Симовски, Ристова и Царчев бод помалку. Нерешен исход од оваа средба не ни иде во прилог, се надеваме дека вардарки повторно ќе одиграат како што они знаат една одлична партија и ќе завршат на местото каде што заслужуваат односно во топ-3 тимови во лигата.