Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во вторник ќе одигра меч од 1/4-финалето во Купот на Македонија
ЖРК Вардар во вторник ќе одигра меч од 1/4-финалето во Купот на Македонија

ЖРК Вардар во вторник ќе одигра меч од 1/4-финалето во Купот на Македонија

Одкако завршиа предизвиците во  главна фаза во ЕХФ Лигата на шампионите каде вардарки одиграа одлична сезона и се пласираа во 1/4-финалето од елитната женска лига, за девојките почнуваат обврските со домашните мечеви, така  во вторник ги очекуваат првите  обврски на домашна сцена за оваа сезона.

Избраничките на Индира и Камара ќе одиграат дуел од  Купот на Македонија, тие ќе играат меч од  од 1/4-финалето во националниот Куп против екипата на Овче Поле. Овој дуел  е закажан за вторник 1-ви март со почеток  во 18:30 часот, истиот ќе се одигра  во малата сала при  СЦ „Јане Сандански“. По одигрување на оваа прва фаза од Купот следи Ф- 4 завршницата која е закажана за во мај. Неспорно дека девојките се  апсолутни фаворитки , а тие се и  бранители на пехарот во Купот.