Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во дербито гостин на Куманово
ЖРК Вардар во дербито гостин на Куманово

ЖРК Вардар во дербито гостин на Куманово

ЖРК Вардар по вчерашното дерби на домашен терен со тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, по само ден одмор веќе утре го очекува ново дерби во плеј-офот за титулата во женската ракометна сениорска лига.

Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев, утре, сабота (12.март) гостуваат во градот Куманово кај истоимениот женски ракометен состав на дербито од 5.коло во пплеј-оф сегментот. Дуелот е важен за титулата, во моментов кумановчани се на бод пред нас на табелата.  Натпреварот кој ќе се игра во салата „Перо Наков“ во Куманово е закажан со почеток во 18-00 часот и од истиот ќе ви донесеме утре линк за следење во живо.