ЖРК Вардар вчера беше поразен во дербито како гостин кај тимот на Металург и тоа во последните секунди. Домаќинот ја доби оваа средба со резултат 20-19.
На стартот ние подобро отворивме и поведовме со резултат, 3-5. Домаќинот со серија 5-1направи пресврт и они поведоа со два гола при резултат 8-6. Сепак успеавме да замине на одмор со резултатска симетрија, 10-10.
Вториот дел во салата Автокоманда беше специфичен со тоа дека домашните поведуваа, а ние седум пати изедначивме, но ниту во еден момент не поведовме. При 19-19 нашата клупа побара тајм-аут, не искористивме и стигна казната, погодок за 20-19 и победа на сино-белите.
Сара Стефаноска беше прв стрелец со 6.гола, две девојки имаа по 4.погодока, Ивона Трпевска и Ивана Џатевска. Илиќ одбрани 9.удари.