Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во петок гостува кај Куманово во дербито на колото во Супер лигата
ЖРК Вардар во петок гостува кај Куманово во дербито на колото во Супер лигата

ЖРК Вардар во петок гостува кај Куманово во дербито на колото во Супер лигата

Младиот тим на ЖРК Вардар го очекува “пеколно“ гостување, ние ќе бидеме дел од дербито на 10.коло во женската ракометна  Супер лига. Нагости, во петок, 2.ноември одиме кај тимот на ЖКК Куманово во истоимениот град, екипа која како и нас по првиот круг во суперлигашката конкуренција (9.кола) има 22.бода на своето конто и со која го делиме 2.место на табелата. Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ “Перо Наков”-Куманово со почеток во 20-00 часот.

n3

Првиот меѓусебен натпревар беше приказна сама за себе, нашите девојки токму со кумановки го имаа “огненото крштевање“ во сениорска конкуренција. Црвено-црните девојки тргнаа храбро на полувремето водеа со 16-12, во вториот дел кумановки се доближија и несреќно во последниот напад гостинките израмнија на 30-30. Сите линии одиграа одлично, на голот  Грујовска и  Трајковска беа фантастични, во одбраната бевме борбени, а во нападот Седлоска постигна дури 10 гола и потпомогната од другите девојки стигнавме до фантастични 30 гола во мрежата на искусниот ривал. Гледано од сегашен аспект, овој дуел да се одиграше по 5-6.суперлигашки кола дефинитивно нашите девојки ќе го доведоа до победа, но деби настапот во сениорска конкуренција си го зема данокот.

n8

Во петок иако драстично помлади, десеткувани за неколку повредени играчи, а ривалот засилен со домашни и странски засилувања во меѓувреме ние ќе влеземе во костец и ќе атауваме на победа. Среќата ги следи храбрите, се надеваме и дека во петок “Фортуната“ ќе биде на наша страна.