Единствено пикерот на црвено-црните, Драгана Цвијиќ, е избрана во идеалниот состав на ЕХФ Лигата на шампионките, во пресрет на завршниот Ф4 турнир кој ќе се одржи во Будимпешта. Покрај неа во Ол-стар тимот на ЛШ се:
Голман: Кари Алвик Гримсбо -Ѓер, пикер: Драгана Цвијиќ (Вардар) лев бек: Кристина Неагу -ЧСМ, лево крило: Сираба Дембеле -Ростов Дон, центар: Вероника Кристиансен -Митјиланд, , десен бек: Ана Грос -Мец, десно крило: Јулија Манагарова -Ростов Дон. Најдобар тренер во ЛШ е Мартин Амброш -Ѓер.