По повод 9-ти мај, денот на Европа беа доделување награди за Европски придонес во 2017 година. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез е избран за Европска личност на годината. Ова признание му го врачи, евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.Овие пригодни призанија се доделуваат на лица кои придонесуваат за афирмација на европските вредности во РМ, на лица или организации кои значително придонесуваат во промоцијата на РМ и нејзините вредности во Европа и во светот. Награда доби и ракометниот клуб Вардар, за промоција на Македонија во Европа, со самото тоа што стана Европски владател во ракометот.