Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Братските Вардар (1) и (2) одиграа 3:3 во генерацијата “2009”
Братските Вардар (1) и (2) одиграа 3:3 во генерацијата “2009”

Братските Вардар (1) и (2) одиграа 3:3 во генерацијата “2009”

Денеска на фудбалските терени на ФК Работнички во градски парк, се одигра седмото пролетно коло во Детската фудбалска лига. Вардар (1) од генерација 2009 во ова коло се сретна со својот братски тим Вардар (2). Во еден многу интересен дуел и пред се изедначен, на крајот со реални 3:3 и поделба на бодовите заврши дуелот.

Дуелот прв со гол го отвори тимот на Вардар (2), стрелец на првиот гол за оваа екипа беше Димитар Ацевски. По овој гол, следуваше пресврт и да гола за тимот на Вардар (1), стрелец на головите за целосниот пресврт беше Јаков Стојковски за 2:1. По овој гол, во игра се врати Вардар (2) со гол на Антониј Аџиоски за 2:2. Стрелец за ново водство на Вардар (1) во продолжението беше Давид Колевски за 3:2. Конечните 3:3 на овој дуел ги постави повторно Антониј Аџиоски со неговиот втор погодок денеска.

Честитки за одличната игра на двете екипи денеска.