Вчера почна ПМФЛ , а веќе во среда нов предизвик за црвено – црните овој пат во Купот на Република Македонија . Противник на ФК Вардар во првото куп соочување е тимот на ФК Кожуф .
Во среда на 12 Август на Градскиот стадион во Гевгелија во рамки на 1/16-финалето од купот нашите момци ќе се сретнат со домаќинот Кожуф . Мечот е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути . Според пропозициите за купот одредени од ФФМ во оваа рунда се игра само еден меч чии победник иде во следната 1/8-финална рунда од ова најмасовно фудбалско натпреварување во земјата . Вардар е апсолутен фаворит на овој дуел со гевгеличани . Црвено – црните ќе се обидат од петиот обид одкако клубот застана на “здрави нозе “ да стигнат до првото финале и да го освојат купот бидејќи изминатите 4 сезони и ако имавме силен тим и успејавме да освоеиме 3 титули во првенството купот беше секогаш “камен на сопнување“ за вардарци. Најверојатно од мечот ќе има видео стрим на официјалната веб страница на ФК Вардар , но за потврда на ова ќе бидете дополнително известени на нашиот сајт .