Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шкендија одлучи ФК Вардар ќе го пречека во Куманово
Шкендија одлучи ФК Вардар ќе го пречека во Куманово

Шкендија одлучи ФК Вардар ќе го пречека во Куманово

ФК Шкендија нашиот најголем конкурент   по сите очекувања кој не може домашните мечеви да ги игра на стадионот во Тетово бидејќи на истиот има одредени градежни зафати за реновирање одлучи мечот со Вардар да се игра во Куманово. Ова е меч од второто коло во македонската фудбалска лига .

Овој меч е од исклучително натпреварувачко значење за црвено – црните од Скопје бидејќи секој дуел со дирекниот конкурент за титулата носи тежина, а собено за Вардар кој по киксот во првото коло веќе има минус два во однос на тетовци . Најмалку нерешено е потребно на ова тешко гостување за да не дозволиме да ни се одлепат Шкендија на големи пет плус по само две кола . Шкендија првиот дуел со ФК Младост Царев Двор го играше исто така на домашен терен , но тогаш беа домаќини на теренот во скопската населба Чаир . Очигледно е дека успесите во ланската сезона на стадионот на “Башкими“ во Куманово беа мотив повторно управата да го чека ФК Вардар на овој терен надевајќи се на повторување на тој успех кога единсвено они во пролетниот дел во ПМФЛ ни нанесоа пораз токму во Куманово .

Мечот е закажан за недела 9 август со почеток во 17-30 часот , а за подсетување во среда Вардар игра меч од купот на РМ со тимот на ФК Кожуф (види) на гостински терен во Гевгелија.