Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во среда прв меч од Купот на РМ за Вардар со тимот на ФК Кожуф
Во среда прв меч од Купот на РМ за Вардар со тимот на ФК Кожуф

Во среда прв меч од Купот на РМ за Вардар со тимот на ФК Кожуф

Вчера почна ПМФЛ , а веќе во среда нов предизвик за црвено – црните овој пат во Купот на Република Македонија . Противник на ФК Вардар во првото куп соочување е тимот на ФК Кожуф .

Во среда на 12 Август на Градскиот стадион во Гевгелија  во рамки на 1/16-финалето од купот нашите момци ќе се сретнат со домаќинот Кожуф . Мечот е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути . Според пропозициите за купот одредени од ФФМ во оваа рунда се игра само еден меч чии победник иде во следната 1/8-финална рунда од ова најмасовно фудбалско натпреварување во земјата . Вардар е апсолутен фаворит на овој дуел со гевгеличани . Црвено – црните ќе се обидат од петиот обид одкако клубот застана на “здрави нозе “ да стигнат до првото финале и да го освојат купот бидејќи изминатите 4 сезони и ако имавме силен тим и успејавме да освоеиме 3 титули во првенството купот беше секогаш “камен на сопнување“ за вардарци. Најверојатно од мечот ќе има видео стрим на официјалната веб страница на ФК Вардар , но за потврда на ова ќе бидете дополнително известени на нашиот сајт .