Избраниците на Раул Гонзалез ги одработуваат последните денови на висинските подготовки во Крањска Гора – Словенија, каде заминаа на 3 август по еднонеделните првични подготовки во Скопје .
Нашите момци по завршувањето на подготовките во Крањска Гора ќе заминат за Кањижа каде ги очекуваат предизвиците од “Кањижа куп 2015 “ на кој ќе земат учество по втор пат . За жал термините се поклопуваат со Струшкиот турнир на кој годинава РК Вардар нема да може да ја темпира својата форма . Во Кањижа пред официјалниот почеток на турнирот црвено – црните ракометари најпрво ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Нулифер , дуел е закажан за (13/08) со почеток од 20:00 часот. За нас турнирот почнува веќе следниот ден кога со почеток во 18:00часот ќе се сретнеме со нашиот прв противник на турнирот тимот кој доаѓа од нашиот северен сосед екипата на Партизан. Во сабота ќе ги одмериме силите со вицешампионот на Словенија, тимот на Горење Велење. Недела е последен ден на турнирот, каде ќе се разигрува за пласман. Во 20:45 е закажано доделување на наградите за најдобрите екипи и играчи.