Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што недостасува во играта на Вардар? Игра од срце!
Што недостасува во играта на Вардар? Игра од срце!

Што недостасува во играта на Вардар? Игра од срце!

Сезоната започна, а ние гледаме повторно еден неубедлив Вардар. Нов тренер имаме, но проблемите се исти.. Вардар како и облично, има контрола на топка, многу шанси, но нема вооиграност во акциите, и реализација.. народски кажано ‘‘ секој си игра за себе ” 

Главниот проблем во играта на нашите момци,  во поголем дел,  е играта како да мине само натпреварот што побргу. Сите акции одат низ нашите крила. Некако слабо ни оди преку средината на тренот. На овој прв натпревар се забележуваше дека Фелипе донесе живост во срединиот ред но уште не е доволно… Дашјан својата форма одамна ја има изгубено, како и многу други поединци, па ете не гледаме некоја посебна филозофија зашто на клупата седат нашите млади новајлии Велковски и Николов. Но тоа е одлука на Седлоски, да не се мешаме…..

Во недела имаме директен дуел со најголемиот конкурент за титулата, па уште од сега ”прст на чело”.
ИГРАЈТЕ ОД СРЦЕ ЗА ВАРДАР !
                                                                                                                                                                 Фото: fkvardar.mk