Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити одговорија на обвинувањата:
Комити одговорија на обвинувањата:

Комити одговорија на обвинувањата:

Навивачката група Комити се оградува од вчерашните обвинувања.
Ви го пренесуваме соопштението:

Почитувани, Во врска со вчерашните изолирани инциденти  ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и Слога (Шкупи) сакаме да ја информираме јавноста дека навивачката група “КОМИТИ“ и нејзините членови ниту ги предизвикале ниту пак учествувале во нив. Зачудува фактот што ние веќе сме обележани како насилниците кои нападнале и претепале недолжни “момчиња од албанска националност“ иако ниту еден од “недолжните“ не изјави дека бил нападнат од лица кои имале клупски обележја, ниту пак МВР и нивната истрага не го потврди тоа. Затоа сите медиуми и т.н. медиуми ја цитира изјавата на “чесниот и објективен“ уредник на Алсат – М телевизија, Мухамед Зекири дека навивачката група “Комити“ стои зад според него обидот за линч на недолжни Албанци во Скопје. Со чест на исклучоци, медиумите не се ни обидоа да ја сослушат втората страна, нешто што се учи на првиот час во првиот семестар на факултетот по новинарство… Но ние сме насилници и хулигани, што знаеме впрочем!? Натпреварот беше прогласен за висок ризик и беше изречена забарана за готување на навивачите на Слога (Шкупи). На северната трибина управата на ФК Слога (Шкупи) внесе барем петанесетина нивни навивачи вклучувајќи ги и нивните водачи. Се до нивното отстранување од стадионот, единствена работа беше да ги провоцират останатите симпатизери и навивачи на Вардар на таа трибина. Тоа е недопустиво а управата на Слога (Шкупи) која денеска апелираше преку соопштение „да се искорени хулиганството“ мора да понесе одговорност за овој непромислен потег. Во врска со ова, од МВР немаше никаков обид тие лица да бидат отсратнети туку напротив нивната реакција беше насочена кон и против симпатизерите на Вардар. Безбедноста на ниту еден член на управата на Слога (Шкупи) во ниту еден момент не беше загорзен, ниту пак на нивните пријатели од тетовската “Искра“ кои не останаа покуси па се пожалија на третманот на стадионот Филип Втори. Еден час по завршувањето на натпреварот три лица биле нападнати на Плоштадот од  друга група. Дали тие три лица се можеби членови на навивачката група “Шверцери“ и по кој основ се заклучи дека токму ние стоиме зад нападот? Два часа по завршувањето на натпреварот две лица се нападнати во населбата Карпош 4. Без ниту еден доказ или  факт пресудено е дека наши членови го извршиле нападот. Од снимките на МВР лесно може да се види и потврди дека неколку стотини „Комити„ кои присуствува на натпреварот и го бодреа клубот си замина по натпреварот  и дека немаше ниту обид за некаков обид за пресметка со симпатизери на Слога (Шкупи) или пак лица од албанска националност. Од друга страна пак, нема никаква информација за групата од над стотина “Шверцери“ кои беа во близина на градскиот стадион и на салата Кале и за нивните „активности„ пред за и по натпреварот. Затоа управата на Слога (Шкупи) веднаш застана зад своите навивачи и побара да се казнат виновниците, заборавајќи дека половина од тие што ги внесоа на сверната трибина учествува во неодамнешниот напад на младинската екипа на Вардар. Само за потсетување децата избегна линач само затоа што играат за црвено црниот дрес. Не се сеќаваме дека уредникот на Алсат-М телевизија, Мухамед Зекири, толку ревносно се заложи да се најдат и казнат виновниците, или пак барем да се расветли тој инцидент. За жал истото мораме да го констатираме и кај МВР. Уште пред самиот почеток на натпреварот нашата порака беше јасна и видлива за сите “Ние сме дежурни виновници“ бидејќи ова не е ниту прв ниту последен пат неосновано и избрзано да бидеме јавно напаѓани и осудувани. Навивачката група “Комити“ никогаш не бега од одговорност! На крајот сакаме да го изразиме и нашиот РЕВОЛТ од политичката конотација на овие два изолрани инциденти а која упорно се турка преку неколку т.н медиуми.   Навивачката група “ Комити“, со години наназад, нема никаква допирна точка со било која политичка партија во државата ниту пак поддржува било каква политичка опција. За нас има само една партија, а тоа е “Вардар“ – “Држава и нација пред книшка и партија“. Токму затоа и навивачката група е константа мета на напади од поединци, групи, институции и т.н. медиуми.   Со почит „Комити Запад“   Црвено црниот дрес е светост, “Вардар“ е институција, вие сте само глумци жедни за пари и слава. Не го тестирајте нашето трпение!