Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетската репрезентација во четврток започнува со настапи на ЕП во Скопје
Кадетската репрезентација во четврток започнува со настапи на  ЕП во Скопје

Кадетската репрезентација во четврток започнува со настапи на ЕП во Скопје

Во периодот од 13-23-ти август, Скопје ќе биде домаќин на европското кадетско првенство за девојки до 17 години. На ова натпреварување како домаќинки ќе настапи и нашата репрезентација, која својот прв натпревар го игра во четврток. Припремите беа долги и напорни, со два тренинзи секој ден. На утринските тренинзи се темпираше физичката подготовка на девојките. Во вечерните се работеше на тактичкиот дел, напад-одбрана и на воиграност на екипата. Одиграа само еден пријателски натпревар, против првата екипа на Металург.

Нашата репрезентација се наоѓа во група заедно со селекциите на Шведска, Словенија и Чешка. Првиот дуел ќе го одиграат против Шведска, во четврток со почеток од 17:00 часот. Своите мечеви нашите девојки ќе ги играат во големата сала во С.Ц. Јане Сандански. Во петок силите ќе ги одмериме со селекцијата на Словенија. Сабота е слободен ден, а веќе во недела го играме последното коло во групната фаза. Противник е Чешка, меч кој е закажан да се одигра од 17:00 часот. Првите две пласирани од секоја група, продолжуваат во следната фаза на натпреварување.

Конечниот список на ракометарки кои ќе ги бранат боите на Македонија на ова ЕП, ќе биде објавен утре. На пошироката листа на селекторот Јулија Црвенковска, се наоѓаат осум девојки кои доаѓаат од младинските категории на Вардар. Јована Мицеска, Анастасија Николовска, Нина Ладева, Моника Георгиевска, Леонида Гичевска, Ива Божиноска, Александра Вељаноска и Габриела Џини се ракометарки кои настапуваат за ракометниот клуб Вардар.