Вардар беше многу блиску до Европската титула, кога на 20 секунди пред крајот на финалето против Ѓер, погоди Андреа Лекиќ за предност од 21:20. Противничкиот тренер побара минута одмор, а во последниот напад унгарките сепак успеаа да најдат празнина во нашата одбрана и да погодат преку Аморим Талеска.
Погледнете ја последната минута од регуларниот дел на финалето, кое на крајот можеше да ни припадне и нам.