Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата кај генер. 2002/03 добија: Арсовски, Лазаров и Костовски
(ФОТО) Поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата кај генер. 2002/03 добија: Арсовски, Лазаров и Костовски

(ФОТО) Поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата кај генер. 2002/03 добија: Арсовски, Лазаров и Костовски

Во саботата  во спортската сала “Гоце Делчев“ во населбата Илинден се одигра завршниот турнир во Вардар јуниор лигата во генерација 2002/2003 во машка категорија. По доделувањето на медалите на најуспешните тимови беа наградени и најдобриот голман и најдобриот играч по одлука на тренерите кои ги водеа екипите учесници и беше доделено признанието за најдобрар стрелец на играчот кој постигна највеќе погодоци. Во оваа генерација до  злато дојде РК Кале од Кичево, втори беа момците на РК Преспа Вардар, а “бронзата“ заврши кај РК Опш. Кисела Вода Вардар. Наградени беа: Арсовски, Лазаров и Костовски.

4

Давид Арсовски од “сребрениот“ тим на РК Преспа Вардар од Ресен  е најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија наградата за постигнувањето го доби од  Марија Папуџиева одговорната за проектот во Ракометната академија Вардар.

5

Никола Лазаров од РК Кале Вардар од Кичево, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот голман на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија признанието го доби од тренерот на голмани на Вардар,  Александар Царчев.

6

Михајло Костовски од РК Преспа Вардар, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот играч на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. На свечената церемонија  одговорниот за машките селекции Алексеј Растворцев му го врачи признанието.