Јованка Радичевиќ како и минатата година така и оваа, многу емотивно го дочека крајот на финалето. За жал и оваа година нашата ракометарка мораше да тагува. По пристигнувањето во Скопје Радичевиќ емотивно изјави дека Македонија секогаш ќе биде нејзиниот втор дом.
„Им благодариме на сите за поддршката. Се трудевме, се боревме, сакавме, но и покрај тоа не успеавме да бидеме прваци. Сепак, Македонија треба да биде горда и покрај тоа што не го освоивме златото. Јас си заминувам од тука, но Македонија ќе остане секогаш мојот втор дом“, изјави Радичевиќ.