Девојките на Драгана Пецевска-Ристова, нашите девојки од кадетската селекција на Вардар предмалку заминаа за Црна Гора. Тие ќе учествуваат на традиционалниот петти интарнационален ракометерн турнир за девојки помлади од 18 години во Никшиќ-Црна Гора. На овој силен меѓународен женски ракометен турнир ќе учестваат екипи од пет земји, покрај нас ќе има тимови од Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Во група сме со екипа од Хрватска, тимот на РК Сесвете Агропротехника екипа против која ќе го играме првиот дуел и воедно ќе го отвориме овој турнир. Покрај нив со нас во групата се и ЖРК Раднички 1964 Крагуевац-Србија и РК Левалеа 2010 од Никшиќ-Црна Гора. Дуелите од групата ќе се играат утре, петок 18.мај и задутре, сабота 19.мај. Во недела на 20.мај ќе се одиграат дуелите за пласман од првото до осмото место. Распоредот на дуели е следен:
- Вардар- РК Сесвете Агропротехника, 18/05/2018 (петок) 14-30ч.
- ЖРК Раднички 1964 -Вардар, 19/05/2018 (сабота) 13ч.
- Вардар- РК Левалеа 2010, 19/05/2018 (сабота) 18ч.
Список на девојки кои отпатуваа: Јована Трајкоска, Симона Грујовска Сара Миновска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Мирјана Петковска, Ангела Костовиќ, Јана Донева, Ана Исабел Гонзалес, Ана Марија Коларовска, Стефани Софтовска, Катерина Дамјановска, Ивана Џатевска, Стефанија Ѓорѓиевска, Марија Галевска, Ива Јаковчевскa.
Тренер: Драгана Пецевска-Ристова