Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започнува мисијата за вардарци, одбрана на трофејот во Купот, денес се игра полуфиналето против тимот на Пелистер
Започнува мисијата за вардарци, одбрана на трофејот во Купот, денес се игра полуфиналето против тимот на Пелистер

Започнува мисијата за вардарци, одбрана на трофејот во Купот, денес се игра полуфиналето против тимот на Пелистер

Денес во спортската сала “Младост“ во Битола ќе се одиграат полуфиналните натпревари од ракометниот куп на Македонија, во машка конкуренција. Актуелниот бранител на трофејот, екипата на Вардар со почеток од 16:30 часот ќе го одигра полуфиналниот дуел против екипата на Пелистер.

Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до својот 13-ти куп трофеј и да ја продолжат доминацијата во македонскиот ракомет. Иако Пелистер е домаќин и ќе игра пред својата публика, тоа не би требало да претставува проблем за избраниците на Гонзалез да се изборат за уште едно финале. Со противникот од Битола одигравме два натпревари оваа сезона и на двата меча постигнавме над 40 голови. Дуелот во истава сала го добивме убедливо со резултат 28:43, додека на домашен терен во салата Јане Сандански, исто така триумфиравме високо со резултат 44:23. Да потсетиме дека во истава сала се играше завршниот турнир и минатата сезона, кога Вардар во финалето го совлада тимот на Еурофарм Работник. Во другото полуфинале кое закажано да започне од 19:15 часот ќе се сретнат екипите на Металург и Е.Работник. Победниците од двата натпревари, во сабота од 16:30 часот ќе играат во големото финале и ќе се борат за трофејот.

Досега во оваа сезона, Вардар успеа да одбрани два од трофеите кои ги освои минатата сезона. Тоа се во СЕХА-лигата и во првенството, а на повидок е и трет последователен трофеј, токму од националниот куп. Ова ќе биде и последна подготовка за црвено-црните пред одигрување на завршниот турнир во Келн, кане не очекува главната битка и за одбрана на Европската титула, по што Вардарци ќе ја комплетираат конечната мисија. Сепак овие два дена, погледите ќе бидат насочени кон подигнување на трофејот во купот на Македонија.