Претстојниов викенд ќе се одигра 25 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардар ќе му биде тимот на Победа од Прилеп. Пионерските екипи во сабота се домаќини на теренот на Академијата, додека во недела кадетите и младинците гостуваат во Прилеп, во термините од 10 и 12 часот.
Помладите пионери се единствените кои на крајот од сезоната ќе можат да се пофалат дека освоиле шампионска титула. На четири кола пред крајот избраниците на Тодоровски се сигурни, па останува само да се одработат овие натпревари. Двата претходни натпревари со противникот ги добивме во наша корист. На истиов терен славевме со резултат 2:0, додека на гостувањето во Прилеп бевме подобри исто така, кога победивме минимално со резултат 0:1. Пионерите оваа сезона ќе останат без трофеј, откако го загубија и финалето во купот од екипата на А.Пандев. До крајот на сезоната останува да се обидеме да го задржиме третото место на табелата во првенството, но и да ги освоиме првите три бода во дуелите со прилепска Победа. Во есенскиот дел на домашен терен бевме минимално поразени со 0:1, додека во Прилеп одигравме без голови.
Последните четири кола немаат резултатско значење ниту за кадетите и младинците на Вардар, освен да се се задржи втората позиција на табелата. Во есенскиот дел на гостински терен, кадетите одиграа со нерешен резултат 1:1, додека во Скопје славевме убедливо со 5:0. Младинците ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во дуелите со Победа, откако во есенскиот дел најпрво загубија на гостински терен со резултат 3:2, додека на Академијата одигравме брз голови 0:0.