Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По три успешни сезони на Вардар Јуниор лига започнаа уписите за четвртата
По три успешни сезони на Вардар Јуниор лига започнаа уписите за четвртата

По три успешни сезони на Вардар Јуниор лига започнаа уписите за четвртата

По три одлични сезони стартуваат уписите за новата 2018/19 сезона( 4та сезона) од најконкурентната ракометна лига во Македонија за млади категории. Вардар Јуниор лигата со четвртата сезона по ред во организација на Ракометната академија Вардар, прераснува во традиција која на децата им дава простор за развој и напредок преку тренинзи и ракометни натпревари. Во информацијата од клубот за заинересираните се вели:

Во новата сезона децата учесници според возраста ќе се организираат во четири категории: 2004/05, 2006/07, 2008/09, како и мини ракомет за родени 2010 година и помали. Девојчињата и момчињата кои ќе се натпреваруваат во категоријата 2008/09 следната сезона за првпат ќе играат на цело ракометно игралиште.
Уписот го вршат 22 регионални единици на Академијата низ цела Македонија. Од тренерите во овие регионални единици може да го побарате промотивниот флаер со целосни информации за условите за упис и опремата која децата ја добиваат.

Изминатите три сезони се уверивме дека Вардар Јуниор лигата е место каде децата на возраст од 5 до 15 години ги усовршуваат своите ракометни вештини, се дружат и имаат уникатни спортски искуства. Значителен број на учесници на Вардар Јуниор лигата изминативе три години, поддржани со големиот ангажман на нашиот врвен тренерски кадар, а под будното око на нашите скаути, си обезбедија место во селектираните екипи на РК Вардар.

0

Годинава за првпат Ракометната академија Вардар подготви три посебни пакети според возраста на учесниците.

Првиот пакет е наменет за најмладите, односно за учесниците во мини ракомет кои за 9.000 денари годишно добиваат учество во Вардар Јуниор лигата, избор на најдобри поединци на академијата по утврдени критериуми, можност за напредок во младинските селекции на РК Вардар, бесплатен влез на натпреварите на РК Вардар во СЕХА лига и националното првенство, 30 отсто попуст во Фан Шоп Вардар, дружба со ракометарите и ракометарките на Вардар и обезбеден превоз по потреба според распоредот за тековната сезона, како и спортска опрема Hummel.
Опремата се состои од три маици од кои две маици се наменети за тренинг, како и за натпревар кај оваа категорија, а една маица со принт апликација е за секојдневна употреба (бојата и дезенот на дезенската маица може да се разликуваат од прикажаното на фотографијата). Во пакетот има горна и долна тренерка, шорцеви и три пара чорапи. Во пакетот е вклучена и поклон торба. Опремата е достапна во величина 10 – 12.
Пакетот за мини ракомет може да се плати на 7 рати почнувајќи од средината на јуни годинава.

Во пакетот наменет за категориите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 висината на годишната членарина зависи од опремата во пакетот.

За учесниците во лигата во сезоната 2017/18 подготвен е пакет без дресови и шорцеви зашто ќе може да ги користат истите од минатата година.

Пакетот без дресови и шорцеви чини 10.500 денари, а учесниците добиваат учество во Вардар Јуниор лигата, избор на најдобри поединци на академијата по утврдени критериуми, можност за напредок во младинските селекции на РК Вардар, бесплатен влез на натпреварите на РК Вардар во СЕХА лига и националното првенство, 30 отсто попуст во Фан Шоп Вардар, дружба со ракометарите и ракометарките на Вардар и обезбеден превоз по потреба според распоредот за тековната сезона, како и спортска опрема.
Опремата се состои од три маици, од кои две маици се наменети за тренинг и една маица со принт апликација која е наменета за секојдневна употреба (бојата и дезенот на дезенската маица може да се разликуваат од прикажаното на фотографијата). Во опремата се вклучени горна и долна тренерка и три пара чорапи, како и подарок торба. Опремата е достапна во величина 10 – 12, 14 – 16, S, M, L, XL и XXL.

За оние кои првпат учествуваат во лигата, во спортската опрема се вклучени и две дрес маици и шорцеви, а вкупниот износ за овој пакет изнесува 12.000 денари.

Членарината може да се плати на 9 рати почнувајќи од средината на јуни годинава.

Новата сезона, 2018/2019, е нова шанса, како за младите таленти, така и за нашите скаути да ги одберат најдобрите од Ракометната академија Вардар. Ве очекуваме!