Вардар по 13-ти пат успеа да го освои трофејот во купот, откако денес во големото финале ја победи екипата на Металург (30:26). На овој начин црвено-црните по петти последователен пат успеаа да го освојат националниот куп. Оваа сезона веќе стигнавме до третата титула, а до крајот останува уште главната мисија, наречена Лига на Шампиони.
Погледнете неколку фотографии од доделување на пехарот, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов му го врачи на нашиот капитен.