Кадетките на Вардар на турнирот во Никшиќ вчера започнаа со пораз. Денес им требаше две победи од два меча за пласман во полуфиналето. Нашите дами се издигнаа над себе покажаа карактер, срце и воља. Со две победи денес обезбедија полуфинале утре во 13-30 против силната екипа на ЖРК Будуќност. Покрај извештајот ви носиме и кратки видеа од играта на нашите дами.
Во првиот меч се сретнавме со тимот од Србија, екипат на РК Раднички 1964 во овој дуел во кој доминиравме во сите аспекти на ракометната игра дојдовме до висока победа со резултат 29-13. Уште од самиот почеток се одлепивме па од минута во минута ја зголемувавме разликата. На одмор заминавме со речиси три пати повеќе голови од проивникот. Ние на одмор заминавме со дури девет гола позотива, односно со резултат 14-9 во наша корист.
Вториот дел, по одличниот прв веќе беше формалност. Ние од минута во минута го газевме противвникот за кратко отидовме на двоцифрена предност, на крајот победивме со 16 гола позитива. Триумфот беше изразен со резултат 29-13. Кај нас Анамарија Коларовска беше играч на мечот, таа постигна 4 гола. Исти толкав учинок имаа и Ѓорѓиевска, Донева и Јаковчевска.
Во клучниот дуел се сретнавме со РК Левалеа 2010 од домаќинот Никшиќ. Во овој дуел се одлучуваше нашата судбина и пласманот во 1/2-финалето. Уште по првиот дел кој почна рамноправно најавивме победа. На одмор заминавме со плус пет, 18-13. Во вториот дел девојките на Драгана Ристова успеаа со игра гол за гол постојано да бидат околу пет позитива, тоа донесе мирен финиш и победа со плус четири. Ние обезбедивме полуфинале со резултат 28-24. Коларовска Анамарија повторно беше прв стрелец таа имаше 9 гола, Петковска имаше 5, Ѓорѓиевса имаше 4 колку и Стефани Софтовска која беше играч на овој натпревар.