Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2008“ со две нови големи победи во детската лига
ФК Вардар генер. “2008“ со две нови големи победи во детската лига

ФК Вардар генер. “2008“ со две нови големи победи во детската лига

Двете екипи на генерацијата “2008“ на ФК Вардар беа успешни во денешното коло и успеаа да забележат две победи, во дуелите со екипите на Албарса и Металург.

5

Екипата на Вардар (1) доминираше во дуелот со екипата на Албарса и ја совлада убедливо со резултат од 8:0. Првите два удари ги имаа црвено-црните, кои најпрво биеа, но одбрани голманот на Албарса, додека вториот удар заврши во пречката од голот на противникот. Следните обиди беа за Арти Азизи и тоа два во серија, кои завршија покрај голот. Прв директен удар и кон голот на Грчевски, но топката заврши покрај голот. Вардар имаше шанса да го отвори резултатот преку Матеј Киш, кој бие во иста акција биеше два пати, но голманот на Албарса е најзаслужен што резултатот е се уште оној почетниот. Сепак во следниот обид, не можеше да се спаси противникот, кога од прекин силно биеше Арти Азизи, топката одеше силно, па голманот на Албарса не беше во можност да интервенира, тоа значеше и водство за црвено-црните од 1:0. До крајот на првиот дел успеваме да го зголемиме водството на 2:0, со погодокот на Ненад Дамјаноски од пенал, откако претходно беа направени три корни. Имаше можност за гол и Албарса, кои ја погодија само пречката.

4

Во второто полувреме гледавме голеада на Вардарци, кои уште на стартот на вториот дел за само една минута успеаа да постигнат два гола и да го зголемат резултатот. Најпрво на 3:0 зголеми Стефан Бранковски, за предноста на Вардар во следниот напад да ја зголеми на 4:0 и Арти Азизи, за кого ова беше втор гол на мечот. Игравме цело време на половината на Албарса, која немаше сили да се надигрува со Вардар. Во листата на стрелци успеа да се запише и Матеј Киш, за веќе “петарда“ во противничката мрежа и водство од 5:0. Откако Дамјаноски беше фаулиран во противничкиот голмански простор беше досуден пенал за црвено-црните, истиот успешно го реализира Стефан Бранковски.

6-2

Одлична одбрана и за Лука Грчевски, кој по подолго време ја почустува топката и не дозволи почесен гол за противникот. До крајот на мечот уште два гола во мрежата на Албарса за поголема победа. На 7:0 резултатот го зголеми Стефан Бранковски, за кој ова беше хет-трик, додека конечните 8:0 беа дело на Арти Азизи, кој на асистенција од Брнковски, исто така го постигнува својот трет гол денес.

Вардар (2) исто така го доби дуелот со екипата на Металург, со резултат од 7:1. Рано го отворивме резултатот кога погоди Павел Андов за предност на Вардар од 1:0. Имавме поголем посед на топка и постојано создававме шанси кон голот на Металург. Удар имаше и Јаковлевски, кој заврши над голот. На вториот гол не се чекаше многу време кога погоди и Коста Бошковски за водство од 2:0. Играчот се сам направи од левата страна, се ослободи од двајца противнички играчи и ја смести топката во мрежата. Стрелецот на првиот гол имаше нов обид, кој заврши покрај голот. Доминиравме на теренот, а следен кој се обиде беше најмладиот на терен, Лука Трпевски денес одигра одличен меч, на кого рамнодушен не остана ниту тренерот на Металург, кој истакна дека се работи за голем талент на фудбалската игра.

2

Токму Лука биеше, но топката за малку оди покрај голот на Металург. Нови удари кон противничкиот гол, на Стефан Марковски и Павел Андов, но резултатот остана се уште 2:0. Следен кој се закани беше Коста Бошковски, но одбрани голманот. Избраниците на Павел Неделковски успеаа да го зголемат резултатот на 3:0 и тоа со голот на Филип Сребров. До крајот на првиот дел можевме лесно да постигнеме уште еден гол, но Бошковски ја погоди само пречката.

1

И во второто полувреме покажавме дека сме поквалитетната екипа, откако постигнавме уште нови четири голови. Во листата на стрелци се запиша и Бојан Пешов за предност од 4:0. Прв гол на денешниот дуел и за Петар Јаковлевски кој со силен удар од голема далечина погоди за 5:0. Лука Трпевски доби прилика да шутира пенал, откако Металург направи три корни, но шутира само покрај голот. Затоа од истото место погоди Горазд Филиповски, за предност од 6:0. Обид во следните минути имаше и Лука Никоски, но топката заврши покрај голот. Поради грешка на последната дефанзивна линија на Вардар, почесен гол посигна и противникот, за намалување на 6:1. Конечниот резултат од 7:1, со својот втор гол денес го постави Бојан Пешов, за успешно заокружување на колото.