Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > КУП: Вардар обезбеди финале по “потопувањето“ на ЖРК Пелистер, Вардар Јуниор на пенали испушти “сестрински дуел“
КУП: Вардар обезбеди финале по “потопувањето“ на ЖРК Пелистер, Вардар Јуниор на пенали испушти “сестрински дуел“

КУП: Вардар обезбеди финале по “потопувањето“ на ЖРК Пелистер, Вардар Јуниор на пенали испушти “сестрински дуел“

Денес во малата сала на С.Ц “Јане Сандански“ се одигра 1/2-финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција. Во истиот учество земаа двете женски сениорски црвено-црни екипи. Во второто полуфинале девојките на Дибирова, тимот на  ЖРК Вардар очекувано славеше над Пелистер со 27-58 (16-29). Нашите дами  го обезбедија своето шесто финале во Kупот на Македонија, каде ќе ја бранат утре титулата.

 Уште од самиот старт вардарки тргнаа силно и  обезбедија предност која во текот на дуелот  постојано ја зголемуваа. Некаде  на средината на првиот дел црвено-црниот тим  обезбеди двоцифрена предност 5-15. Од минута во минута истата ја зголемувавме, на одмор заминавме со 13 гола на контото. На семафорот во малата сала при С.ц “Јане Сандански“ стоеше 29-16 во наша корист.

Второто дел беше сличен на првиот, наша доминација, а  предноста постојано растеше. Македонското  трио Керамичиева, Ристовска и Саздовска  постојано го полнеа голот на Пелистер. Ние обезбедивме финале на доминантен начин,  конечниот резултат беа највисоки 27-58. Прв стрелец беше Керамичиева со 16, а  Саздовска заврши  со 12 погодоци.

Девојките од Вардар јуниор беа блиску до пласман во финалето на Купот на Македонија, за жал  по изведувањето на пенали беа елиминирани. Во полуфиналето со  Металург регуларниот дел на средбата заврши со резултат  20-20, а потоа по изведувањето на седмерци тимот од Автокоманда победи со резултат 26-25

Анастасија Николовска го постигна голот за израмнување во последната минута од средбата со која Вардар израмни на 20-20, токму  Николовска не успеа да реализира пенал  со што Металург се пласираше во финалето. Овој дуел го  одигравме со 12 ракометарки  сепак дадовме голем отпор,  на полувреме имавме и предност од 8-7. Потоа сино-белите поведоа со 15-11, но тоа следеше наша серија, по која Јуниор  израмни на 16-16. По овој момент се  до крај на средбата се играше гол за гол.

Во финалето утре од 13-00 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе играат Металург и ЖРК Вардар.