Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија
Кадетките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија

Кадетките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија

Кадетките на РК Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија, откако го загубија финалето против екипата на Куманово. Ибраничките на Александар Царчев не успеаа да направат нов подвиг и да го освојат златниот медал.

vardarfans-tekst

Со само десет ракометарки, од кои два голмани го одигравме и финалето против екипата на Куманово, кое на крајот се покажа како недоволно да се стигне до првото место. Вардарки успеаа први да го отворат резултатот, но следеше серија на противникот од четири последователни голови, за предност од 4:1. Работите околу конечниот победник станаа за брзо време јасни, кога при резултат од 5:3, противникот направи голема серија од 8:0 и стигна до двоцифрена предност од 13:3. Последните два гола во првиот дел им припаднаа на нашите кадетки, доволно само за да се намали негативата на 13:5.

Серијата наша продолжи и во вториот дел кога стигнавме до шест голови негатива (13:7), но тоа беше се што успеваме да сториме. Врати набрзина екипата на Куманово со четири последователни голови и ги врати оние десет голови предност (17:7). Најмногу што успеаа да намалат од негатива, црвено-црните беше осум голови (18:10), но со нова серија од 3:0, Куманово се одлепи на највисоки 21:10.  Имаше домашниот тим и најголемото водство од 13 голови, кога резултатот на семафорот беше 28:15. До крајот тимот на Вардар Јуниор ја намали негативата и мечот заврши со конечен резултат од 28:19.

33059937_10216061189184463_2040070643390611456_n

Во идеалниот тим на завршниот турнир се најдоа две ракометарки од редовите на Вардар Јуниор. Се работи за Андреа Илиќ која беше прогласена за најдобар голман и Милица Николиќ, која е најдобриот лев бек.

Вардар Јуниор: Илиќ, Ивановска, Насковска, Цветановска, Станчева, Стефановска 6, Атанасова 3, Трпевска, Диневска 6, Николиќ 4.