Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Вељаноска: Сите заедно веруваме во еден голем успех
Александра Вељаноска: Сите заедно веруваме во еден голем успех

Александра Вељаноска: Сите заедно веруваме во еден голем успех

Остана уште еден ден до почетокот на Европското првенство за кадетки, кое во наредниов период ќе се одржи во Скопје. Натпреварите ќе се играат во С.Ц. Јане Сандански и Борис Трајковски. Избраничките на Лулија Црвенковска напорно се подготвуваа за предизвикот кој им следува.

Подготовките за претстојното европско првенство поминаа во најдобар ред. Со два тренинзи дневно, изминатиов период работевме на нашата физичка и психичка подготвеност како и на тактички план.

Македонија е во група со репрезентациите на Словенија, Шведска и Чешка. Стартуваме веќе утре, со натпревар потив Шведска. Очекувањата во нашиот табор се големи и сите очекуваат добри резултати.

Нашата прва цел е да ја поминеме групната фаза и се надеваме на големи успеси. За нашите противници сме добро запознаени, гледавме видео снимки и вршевме анализи на нивната игра. Сите заедно веруваме и напорно работиме за да постигнеме еден голем успех и да ги оствариме зацртаните цели, изјави една од предводничките на оваа генерација и член на Вардар Александра Вељаноска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски