На завршниот турнир за кошаркари до 14 години, во финалето за титулата ќе се борат тимовите на КК Вардар и тимот на КК Партизан Мулти Шпед (2).
Тимот на Вардар во финалето се пласираше победувајќи го тимот на КК Дино Баскет со резултат 57-84 или по четвртини (13-27, 15-21, 21-19, 8-17). Кај Вардар прв стрелец беше Бојан Стефановски со 24 поени и 13 скокови, го следеа Мартин Оровчанец со 19 и Стефан Трајковски со 12 поени.
Тимот на КК Партизан Мулти Шпед (2) во полуфиналето лесно го доби домаќинот на овој турнир, тимот на МВП Струмица со резултат 78 – 51.
Утрешното финале на Вардар и Партизан Мулти Шпед (2) започнува со почеток од 17-30ч.