Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар го победија Астраион и го освоија третото место на Ф4 турнирот во кадетската лига
Кадетите на РК Вардар го победија Астраион и го освоија третото место на Ф4 турнирот во кадетската лига

Кадетите на РК Вардар го победија Астраион и го освоија третото место на Ф4 турнирот во кадетската лига

Кадетите на РК Вардар го освоија третото место на завршниот турнир во кадетската лига, откако во малото финале ја победија екипата на Астраион. Победникот беше решен дури по изведување на удари од седум метри, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник.

После играта гол за гол на двете страни и нерешен резултат од 3:3, противникот од Струмица беше прв кој успеа да се поведе со два гола разлика (5:3). Намалија избраниците на Будимир на 6:5, за екипата на Астраион да сврзе два последователни голови и да зголеми на 8:5. Противникот беше постојано во предност и во два наврати имаше позитива од четири голови (11:7 и 12:8). Сепак избраниците на Будимир не се предаваа, најпрво успеаа да намалат на два гола негатива, за првото полувреме да заврши со минимално водство на струмичани од 14:13.

1

Второто полувреме со гол го отвори тимот на Астраион за водство од 15:13, сепак во следните пет минути избраниците на Будимир направија серија од 1:4 и успеаа за втор пат на овој меч да поведат со резултат 16:17. До крајот на мечот гледавме мал број на постигнати голови и се играше гол за гол на двете страни. Вардар во последната минута влезе со водство од еден погодок (22:23), но противникот успеа да постигне гол и да израмни на 23:23, што беше и конечен резултат на натпреварот.

3

Давид Мирчевски постигна десет голови, додека пет беа дело на Дамјан Србиновски. Марко Мишевски постигна три, додека А.Пешевски два погодоци, додека по еден постигна Симон Калајџиески и Дамјан Димитријевски.

Веднаш се приведе кон изведување на удари од седум метри, каде Вардар се покажа како подобар и посреќен, за да слави со резултат 26:27. Ова е голем успех за оваа генерација на Вардар која успеа да стане шампион во пионерската лига и да се натпреварува во кадетската, со екипи кои беа две години повозрасни од црвено-црните. Момците изгинаа на терен, а нивниот тенер, Будимир треба да биде задоволна од максимумот што го пружија во текот на денешниот ден.