Кадетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа претпоследното коло во првенството. Противник ни беше тимот на Милано, кој го совладавме убедливо со резултат од 4:0
Вардар: Тимевски, Радевски, Пешевски, Ѓурковски, Митревски, Омерагиќ, Игнатов, Петковски, Ибиши, Димов, Ристовски.
Сите голови на овој дуел беа постигнати во првото полувреме. Уште во 3 минута од мечот го отворивме резултатот кога Џемал Ибиши погоди за водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, кога во 12 минута со својот втор гол Ибиши го зголеми резултатот на 2:0. Избраниците на Колев имаа доминација на теренот и целосен посед на топка. По 20 минути игра веќе имавме предност од 3:0, кога во листата на стрелци се запиша Виктор Пешевски. На истекот на првото полувреме, вардарци постигнуваат и четврт гол на овој дуел, прв за Христијан Димов, за конечен резултат од 4:0 на овој дуел од кадетската лига.
Во игра влегоа уште Адем, Димоски, Николов, Манасиевски и Младеновски.