Нема време за тагување и размислувања, денес играме меч за бронзен медал на завршниот турнир во Келн. Иако пред стартот на овој Ф4 најголеми шанси да ги гледаме во финалето им се даваа на екипите на Вардар и ПСЖ, сепак тие ќе играат во малото финале и ќе се борат за бронзата.
Денес ќе гледаме реприза на финалето од минатата сезона, кога поуспешен беше Вардар, кој со голот на Чупиќ во последните секунди успеа да донесе триумф и Европска титула, која беше прва во историјата на клубот. Денес црвено-црните ќе немаат можност истата да ја бранат, но сепак нема е исто дали ќе се вратиме во Скопје со или без бронзен медал. Вардар и ПСЖ беа екипите кои обезбедија директен пласман во четврфиналето од Лигата на Шампионите, со оглед дека завршија на првото место во двете најсилни групи. Нока Сердарушиќ и неговиот стручен штаб не успеа ниту втора сезона по ред да му донесе трофеј од најголемото натпреварување на ПСЖ, тим кој има убедливо најголем буџет во ЛШ. Французите одиграа импресивно во најсилната група и на 14 одиграни натпревари, имаа дури 11 победи, само два порази и нерешен резултат. Во четврфиналната рунда ја елиминираа екипата на Киелце и тоа со де победи.
Уве Генсхајмер, Недим Ремил и Никола Карабатиќ се најдобрите стрелци на ПСЖ. Од овие играчи треба да доаѓа и најголемата опасност по нашиот гол на денешниот дуел. Тука се секако и Хансен, Абало и Сагосен и на голот, Омејер кој како и Штербик немаа свој ден на полуфиналните натпревари. Нема да биде лесно за Вардар, кој за помалку од 24 часа треба да одигра нов тежок натпревар, но се надеваме дека момците ќе најдат сили и ќе дадат максимум да не израдуваат со победа и бронзен медал.
Натпреварот ќе започне од 15:15 часот, со директен пренос на МРТ-1. Вардар и денес ќе има голема поддршка од своите навивачи, кои дојдоа во Келн да ги бодрат црвено-црните.