Лани двапати со еден гол дојдовме до врвот на Европа, оваа сезона на исти начин бевме поразени. Капитенот на Вардар, Стоилов по поразот во мечот за “бронзата“ против ПСЖ му честиташе на противникот. Стојанче Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот го изјави следното:
Таков е споротот, некогаш победуваш некогаш губиш. Ние сега загубивме на сличен начин како што лани победивме. Игравме добро сега, имавме и водство во најголем дел од натпреварот, но ПСЖ во завршницата беше подобар. Им честитам, изјави Стоилов.