Денес по крајот на последното коло во лигата, помладите пионери на ФК Вардар кои на доминантен начин стигнаа до титулата во лигата го добија пехарот. По одиграниот натпревар на домашен терен со Македонија ЃП преставникот на ФФМ им го врачи големиот пехар. Момците на Сашо Тодоровски- Раптап одиграа перфектна сезона и заслужено беа “златни“. Во 27 натпревари тие дојдоа до дури 23 победи, три реми исходи и само еден пораз и тој во фазата кога веќе титулата беше обезбедена. Во продолжение фотографии од нивното “крунисување“.
