Селекцијата на Ерменија, која е најголемиот конкурент на Македонија во Лигата на Нациите, вчера одигра пријателски дуели со аутсајдерот Малта во Австрија.
Иако Ерменија беше голем фаворит на овој дуел, сепак се “лизна” и одигра само 1:1. Ерменија прва поведе уште во 13. минута преку Јаган, а Малта израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел. Во вториот дел немаше погодоци па така овој дуел заврши без победник 1:1.
На овој меч, играчот на Вардар Тигран Барсегјан беше стартер и одигра 77. минути.