Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2008“ ќе игра на завршниот турнир во детската лига и ќе се обиде да го повтори успехот од минатата сезона

ФК Вардар генер. “2008“ ќе игра на завршниот турнир во детската лига и ќе се обиде да го повтори успехот од минатата сезона

ФК Вардар генерација.2008 денес одигра два дуели во последната рунда од квалификациите за завршниот турнир во детската лига. Една од екипите на Павел Неделковски обезбеди завршен турнир, а другата беше совладана на денешните натпревари.

ФК Вардар-1 генер.2008 обезбеди финален турнир со победата над Скупи.Натпреварот почна со шанса за ФК Скупи , тие упатија одличен удар кој  го одбрани нашиот голман Лука Грчевски. Следеа две изгледни прилики за црвено-црните, во првата ударот на  Коста Бошковски  го одбрани  противничкиот голман, во втората се обиде Лука Трпевски, но не успеаа да го отвори овој натпревар со погодок. Конечно ни се посреќи, нашата иницијатива беше наградена,  Матео Кесиќ со удар од половина терен постигна евро-гол, со неговиот погодок поведовме со 1-0. Уште еднаш се закани Скупи, сепак на голот одличен повторно беше Грчевски Лука. До крајот на првиот дел имавме три изгледни шанси,  два обида имаше  Азизи Арти, во првиот ја погоди со силен удар стативата во втората, шутна крај голот. Третата прилика пред крајот воедно и последна ја имаше  Ненад Дамјаноски, неговиот удар мина крај голот на нашиот ривал. Со минимална предност заминавме на одмор на овој натпревар и покрај изразената иницијатива.

2

Вториот дел почна со иницијатива на црвено-црниот состав со цел да постигнеме ран гол за удвојување на предноста и да дојдеме до победа.  Ненад Дамјаноски дојде до топката, шутна силно голманот на ФК Скупи беше принуден да ја одбие топката која дојде до Азизи Арти, тој погоди од непосредна близина за удвојување на предноста, односно 2-0. Постојано ние бевме тимот кој има посед и инцијатива на овој дуел, повторно во шанса беше Ненад Дамјаноски  кој солираше, одлично шутна,  но за жал топката заврши во конструкцијата од голот.  Посебна пофалба за одиграното во одбраната во овој дуел оди за Огнен Бојковски и Матео Кесиќ кои одиграа одлично и даваа сигурност.

3

До крајот  уште три инересни ситуации,  во првата се обиде Коста Бошковски, но не погоди. Две прилики имаше  Ненад Дамјаноски, во првиот негов обид голманот на ФК Сукупи беше поуспешен. Во вториот обид од “белата точка“ тој шутна силно десно, топката завши во мрежата за наша предност од 3-0. Токму со овој резултат се оконча овој натпревар.

Екипата на ФК Вардар генер.2008 (2) беше поразена од ФК Форца и не обезбеди пласман на завршниот турнир овој викенд. Натпреварот почна со прилика за нас од слободен удар, Петар Јаковлевски  шутна силно од 20.метра над голот. Противникот го отвори натпреварот прв со гол, тие поведоа со 0-1 од пенал. Следеше цврста игра без многу прилики на двете страни.  За нас се обиде Илија Митаноски од дистанца , но не погоди. Противникот повторно од пенал погоди, тие го удвоиа водството и поведоа со 0-2. На сцена стапи Јаков Стојковски, тој имаше две прилики. Во првата шутна крај голот, во втората од слободен удар точно од средината на теренот погоди ефектно за намалување на негативата на 1-2. Сепак за жал противникот веќе во следната акција од дистанца се врати на два гола позитива, тие зголемија на 1-3. Со овој резултат се замина на одмор.

Вториот дел започна со две прилики на Форца, сепак на нашиот гол успешно интервенираше и во двете прилики Грчевски Лука. Повотрно и овој дел како и првиот изобилуваше со цврста игра и малку прилики на двете страни за одбележување. Андов  Павел имаше прилика од дистанца сепак не успеаа да погоди. Во продолжение токму он по одличен двоен пас успеа да погоди и намали на 2-4. До крајот видовме две ситуации за одбележување, во првата ФК Форца имаше третти пенал, овој пат Лука Грчевски беше поуспешен од привничкиот играч и атрактивно одбрани. Во другата  Павел Андов се обиде од дистанца, голманот на Форца одбрани. Со резултат 4-2 на овој дуел ние забележавме пораз.

Оваа генерација ќе има можност да го брани трофејот освоен од минатата сезона, на завршниот турнир кој на програмата е претстојниов викенд, по што ќе биде спуштена “завесата“ на уште сезона во детската лига, натпреварување на кое учество земаат сите фудбалски школи од цела Македонија.